Ѕвездата на Реал Мадрид, Иско ја отфрли можноста да го напушти „кралскиот“ клуб во зимскиот преоден рок.
Иднината на Иско е главна тема во шпанските медиуми веќе подолго време бидејќи го загуби местото во стартниот тим и изјави дека не е задоволен од својот статус.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Поради тоа се погласни беа шпекулациите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“ уште во зимскиот преоден рок.
Сепак, шпанскиот плејмејкер сега се предомисли и тврди дека е среќен во Реал Мадрид.
„Не размислувам за зимскиот преоден рок бидејќи нема да правам трансфер. Многу сум среќен, и мојата цел е да освојам многу трофеи во Реал Мадрид“, истакна Иско.
За него силен интерес покажуваат клубовите од Премиер лигата како и Јувентус и ПСЖ.