Шпанскиот репрезентативец Иско се наоѓа во немилост на тренерот Солари, па се погласи се шпекулациите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“.
Иско падна во втор план, па европските гиганти застанаа во ред за неговиот потпис. Последните информации од Апенините говорат дека Шпанецот би можел да се пресели во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус веќе подолго време покажува сериозен интерес за Иско, а сега во битката за неговиот потпис се приклучи и најголемиот ривал на „старата дама“, Интер.
Имено, новиот спортски директор на „нероаѕурите“, Бепе Марота сака да донесе неколку големи ѕвезди во тимот, а Иско е прв на неговиот список.
Сепак, на Интер ќе му биде тешко да го убеди Иско да се пресели на „Џузепе Меаца“ покрај понудите на Сити и Јувентус, тимови кои се борат за освојување на Лигата на шампиони.