Дома Фудбал Италија Инфантино бара жестока казна за навредите кон Влаховиќ

Инфантино бара жестока казна за навредите кон Влаховиќ

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино се огласи на друштвените мрежи по повод расистичките навреди од навивачите на Аталанта на сметка на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ.

Навивачите на Аталанта навредливо скандаираа кон Влаховиќ во текот на мечот, а во еден момент судијата Даниеле Довери го прекина мечот за да прекинат навредите. На крајот српскиот напаѓач им одговори со гол во финишот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Расистичките навреди на навивачите на Аталанта кон Влаховиќ се неприфатливи. Ова не е изолиран случај и ги повикувам одговорните казните да бидат жестоки.

ФИФА е со Влаховиќ како и со секој друг играч, тренер, судија, навивач или било каков учестник во фудбалски натпревар кој доживеал такви навреди“, изјави Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…