Јулијан Алварез блесна на Светското првенство и беше еден од најзаслужните за освоената титула на Аргентина.
Аргентинецот пристигна минатото лето на „Етихад“ за 18 милиони евра, но не добива голема минутажа.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Напаѓачот не може да се избори за место во стартниот тим покрај Халанд, па е спремен да ја промени средината.
Таквата ситуација е спремен да ја искористи Интер, кој сака да го доведе на „Џузепе Меаца“ на местото од Ромелу Лукаку.
„Калчомеркато“ пренесува дека „нероаѕурите“ се спремни да понудат 50 милиони за неговиот потпис, меѓутоа Гвардиола не сака да се откаже од Аргентинецот.