Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец кој ќе го замени Милан Скриниар.
Најновото име на списокот на „нероаѕурите“ е шпанскиот репрезентативец и ѕвезда на Виљареал, Пау Торес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
25-годишниот Шпанец се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Минатото лето беше на мета на Манчестер Јунајтед, но сепак остана во Виљареал, а сега е спремен да направи чекор напред во кариерата.
Интер сака да ја победи конкуренцијата и наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент, а е спремен да плати 35 милиони евра за неговиот потпис.