Милански Интер е заинтересиран за еден од најперспективните фудбалери во Бундес лигата и ѕвзда на Лајпциг, Наби Кеита.
Овој 22-годишен играч за врска експлодираше оваа сезона во Бундес лигата, постигна осум гола и запиша седум асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се Ливерпул.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Претставници на „нероаѕурите“ ќе патуваат во Германија на преговори за трансферот на Луис Густаво од Волфсбург, но се очекува да испратат понуда и до Лајпциг за еден од најперспективните фудбалери во Европа.
Сепак, „нероаѕурите“ ќе треба да ја победа конкуренцијата бидејќи Јирген Клоп по секоја цена сака да го донесе Кеита на „Енфилд“ и веќе спреми понуда од 25 милиони евра.