Дома Фудбал Италија Интер станува 100% сопственост на „Сунинг“

Интер станува 100% сопственост на „Сунинг“

Мнозинскиот сопственик на Интер, Жанг Жиндонг е спремен да ги откупи во целост акциите на клубот од индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир, пренесуваат италијанските медиуми.

Кинескиот милјардер пред две години купи 70% од акциите на миланскиот гигант, а останатите 30% останаа во сопственост на Тохир.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Сега сопственикот на „Сунинг“ сака да го докупи останатиот пакет акции за 200 милиони евра за да има ја има 100% сопственоста на Интер.

За таа цел Жанг Жиндонг е спремен да му понуди на Тохир дел од „Сунинг Груп“, која е една од најбогатите кинески компании и неговото богатство се проценува на неверојатни 22 милиони долари.

Во моментов Ерик Тохир има 30% од акциите на клубот и се уште е претседател на миланскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот има за што да биде среќен: Ливерпул ангажира ѕвезда на Баерн вредна 65 милиони евра?

Иако во последните денови во фокусот на Ливерпул е ситуацијата околу Мохамед Салах, кој из…