Дома Трансфер зона Интер слушна „ДА“ од еден од најважните хрватски репрезентативци, закажан состанок и со Барселона

Интер слушна „ДА“ од еден од најважните хрватски репрезентативци, закажан состанок и со Барселона

vrshaljko vida

Интер на големо работи на тимот за наредната сезона во која после шест години се враќаат во Лигата на шампионите, а блиску до „Џузепе Меаца“ се две засилувања.

Спортскиот директор работи напорно за да ги победи Рома и Наполи во трката за потписот на хрватскиот бек, Шиме Вршаљко.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вршаљко сака да се врати во Италија и тоа е она на што Интер искрено се надева. Првата понуда за позајмца со право на откуп за 20 милиони евра не беше прифатена, Атлетико сака барем пет повеќе.

„На Интер ќе му биде тешко да се договори со Атлетико. Постојат две сценарија: Или веднаш да го откупат Вршаљко или да договрат позајмица со право на откуп наредното лето. Атлетико сака да обезбеди и адекватна замена пред да го пушти да замине

Одлучувачки фактор во целата работа може да биде желбата на Вршаљко да се врати во Италија.

Паралелно Интер работи и на враќање на Рафиња Алкантара на нова позајмица од Барселона, состанокот на управите на шпанскиот и италијанскиот клуб е закажан за во среда. Интер би можел да го доведе Рафиња со право на откуп за сума од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…