![icardi](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2017/05/57e38a36bc9a9-gelandang-inter-milan-joao-mario-kiri-bersama-mauro-icardi_663_382.jpg)
Интер ги следи случувањата во модерниот фудбал, токму поради тоа луѓето во клубот стравуваат, за најдобриот фудбалер и капитен на овој клуб Мауро Икарди.
Аргентинецот, Мауро Икарди, во овој момент е еден од најскапите фудбалери во Серија А, но Интер има проблем со откупната клазула во неговиот договор.
Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓
Имено, напаѓачот во својот договор во овој момент има откупна клазула од 110 милиони евра, а тоа е сума која според сегашните случувањата лесно може некој клуб да ја плати. Токму поради тоа „нероаѕурите“ му спремаат нов договор во кој ќе му ја зголемат платата на Икарди, но и ќе му ја зголемат клазулата на 200 милиони евра.
Во овој момент платата на Икарди изнесува 4.5 милиони евра, Интер е спремен да му понуди плата од околу 6 милиони евра годишно. Иначе, Икарди во овој момент игра во фантастична форма и постигна пет погодоци во првите три кола во италијанското првенство.