Генералниот директор на Интер, Алесандро Антонело изјави дека во клубот засилено работат за да ја прекинат доминацијата на Јувентус во однос на фанансиите, организацијата и спортските успеси.
Антонело потенцираше дека токму Интер е последниот клуб од Апенините кои освоил тројна круна и дека „нероаѕурите“ имаат потенцијал да го симнат Јувентус од врвот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние работиме за да му се доближиме на Јувентус што е можно повеќе и сме должни да ја намалиме разликата која постои во моментов“, изјави Антонело.
„Не треба да заборавиме дека токму ние сме клубот кој последен ја освои Лигата на шампиони и тројната круна. Веројатно Јувентус е еден од најдобрите клубови во светот, но ние сме спремни да ги победиме. Имаме стратегија и план како да напредуваме во сите аспекти“, додаде директорот на „нероаѕурите“.
#Antonello , ad #Inter: 'La #Juve è la squadra più forte al mondo, noi stiamo lavorando per batterla' https://t.co/VGTA0IJQfj pic.twitter.com/8guR1Ogmwu
— calciomercato.com (@cmdotcom) September 28, 2018