Новите сопственици на Интер најавија големи засилувања за следното лето, но активно работата на засилување на тимот и во јануарскиот преоден рок.
Откако го одговорија трансферот на Гаглиардини од Аталанта, „нероаѕурите“ би можеле да добијат големо засилување од Бундес лигата.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Имено, левиот бек на Волфсбург, Рикардо Родригез е голема желба на миланскиот гигант, а медиумите тврдат дека самиот фудалер е исклучително заинтересиран за се пресели на „Џузепе Меаца“.
Родригез има откупна клаузула од 22 милиони евра и Волфсбург не сака да преговара за помала сума, па останува да видиме дали Интер е спремен да ја активира клаузулата.
Доколку „нероаѕурите“ не успеат да го комплетираат трансферот во јануари, тогаш сигурно Родригез ќе пристигне во Милано следното лето.