Дома Топ вести Интер не запира: После Хакими спрема уште три трансфери

Интер не запира: После Хакими спрема уште три трансфери

Раководството на Интер спрема големи засилувања за следната сезона и конечно сака да го донесе Скудетото на „Џузепе Меаца“.

Веќе е договорен трансферот на десниот бек Ашраф Хакими, кој ќе пристигне од Реал Мадрид за 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Но, тоа е само почеток. Спортскиот директор Марота спрема уште три големи трансфери ова лето.

Првиот е италијанскиот талент и член на Бреша, Сандро Тонали. Преговорите се во напредна фаза и трансферот треба да биде комплетиран следните недели.

„Нероаѕурите“ се во потрага по нов дефанзивец, а најголемото засилување треба да пристигне во нападот.

Доколку Лаутаро замине главни метии се Габриел Жесус од Манчестер Сити или Антоан Марсијал од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…