Дома Фудбал Италија Интер му нуди нов договор на Чалханоглу

Интер му нуди нов договор на Чалханоглу

Хакан Чалханоглу минатото лето пристигна во Интер како слободен агент и тоа од градскиот ривал.

Турскиот плејмејкер одлично се вклопи во тимот на „нероаѕурите“ и е еден од најважните играчи во формацијата на Инзаги.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Чалханоглу кога пристигна потпиша 3-годишен договор, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Интер сака долгорочно да го задржи во своите редови, па наскоро ќе почне преговори за продолжување на соработката.

Италијанските медиуми тврдат дека двете страни брзо ќе дојдат до договор бидејќи Чалханоглу сака да остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На полноќ пристигна повик кој ја „стресе“ цела Барселона

Не е тајна дека Барселона веќе години наназад има проблеми со финансиите, особено што се о…