Интер е силно заинтересиран за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, пренесуваат италијанските медиуми.
Интер во летниот преоден рок сака да доведе дефанзивец кој ќе го замени Милан Скриниар.„Нероаѕурите“ веќе ја почнаа потрагата, а најново име на списокот е дефанзивецот на Челзи, Тревор Чалоба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чалоба е младински репрезентативец на Англија, може да игра на повеќе позиции во одбраната и поради тоа е голема желба на Инзаги.
Цената на Чалоба во моментов изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра, но Интер сака да го доведе на позајмица со право на откуп. Како алтернатива се споменува стоперот на Тотенхем, Танганга.
Inter Milan 'still keen on signing Chelsea's Trevoh Chalobah this summer' as the Nerazzurri also consider swoop for Tottenham's Japhet Tanganga https://t.co/OATfbOZPib
— Mail Sport (@MailSport) August 17, 2023