Дани Алвес е без клуб откако неодамна му истече договорот со Пари Сен Жермен.
Бразилецот како слободен играч пристигна во ПСЖ во 2017 година и освои неколку трофеи со овој клуб, но сега одлучи да направи промена во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алвес наводно се понудил на Барселона бидејќи имал желба повторно да го облече дресот на клубот кој го носеше осум години, но во каталонскиот клуб не се премногу заинтересирани да го доведат 36 годишниот Алвес.
Затоа Антонио Конте би сакал да го види во својот тим, а италијанските медиум пренесуваат дека Интер на Бразилецот му понудил договор на две години и плата која би ги задоволила неговите апетите.
Сепак, Алвес има желба да се врати во Барселона и не сака да брза со одлуката која би требало да биде позната на 20-ти јули.
Reports in Brazil claim #Inter made an offer to free agent Dani Alves, but he would prefer a return to #FCBarcelona https://t.co/Ba9eogCPBM #FCIM #PSG #SerieA pic.twitter.com/5E2VMJRjeR
— footballitalia (@footballitalia) July 6, 2019