Дома Топ вести Интер испрати понуда, Дибала спремен да каже ДА

Интер испрати понуда, Дибала спремен да каже ДА

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е блиску до договор со ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

Иднината на Пауло Дибала во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Аргентинецот беше подготвен да го продолжи договорот, но Јувентус ги промени условите, па односите помеѓу двете страни се нарушија.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Газета дело Сппорт“ пренесува дека директорот Бепе Марота, кој е бивш директор на Јувентус, ја искористил ситуацијата и започнал преговори со агентот на Дибала.

На маса Дибала понуда за петгодишен договор вреден 7.5 милиони евра по сезона, а ова е нешто подобра понуда од онаа која му ја понудила „старата дама“.

Агентот во следните денови ќе има состанок со „бјанконерите“ и доколку Јувентус не ја израмни понудата, Дибала ќе му каже ДА на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…