Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек.
Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал во првата сезона и често ја грееше клупата за резерви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако силно се шпекулираше дека ќе го напушти клубот ова лето, сепак Ван де Бек одлучи да остане и да се бори за место во тимот.
Меѓутоа, неговиот агент потврди дека Холанѓанецот е спремен да ја промени средината во јануари, а покрај италијанските клубови интерес покажува и Евертон.
Јувентус и Интер ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и сакаат да го донесат играчот на позајмица со право на откуп следното лето.