Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Марсело Брозовиќ конечно постигнале договор за продолжување на соработката.
Преговорите за нов договор траеа подолго време бидејќи двете страни не можеа да најдат заеднички јазик.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последните информации од Италија се дека сепак двете страни постигнале комплетен договор и наскоро Хрватот ќе стави потпис на нов договор.
Следната недела раководството ќе има средба со агентот на кој ќе бидат договорени последните детали, а потоа Брозовиќ ќе стави потпис на договор до 2025 година.
Според новиот договор хрватскиот плејмејкер ќе заработува 6 милиони евра по сезона плус бонуси.