Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер веќе договорил две засилувања за следната сезона и тоа едно од Лацио и едно од Јувентус.
Станува збор за дефанзивецот Стефан де Вриј и поливалентниот играч на Јувентус, Квадво Асамоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двајцата фудбалери ќе бидат слободни агенти на крајот на сезоната, па „нероаѕурите“ ќе добијат две засилувања буквално за 0 евра.
Интер има договор со Де Вриј кој на „Џеземе Меаца“ ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона, додека финансиските детали од договорот на Асамоа не се познати.
Италијанските медиуми пренесуваат дека се чека само целата операција да ја одобри Жанг Жиндонг за да бидат потпишани договорите на двајцата фудбалери.