Се поизвесно е дека Мауро Икарди ќе го напушти Интер на крајот на сезоната, а познати се и главните кандидати за неговиот потпис.
Откако му беше одземена капитенската лента Икарди е надвор од тимот и се жали на повреда, а последните информации од Италија говорат дека нема да се врати на теренити ни за миланското дерби кое е на програмата овој викенд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот и неговата сопруга и менаџер Ванда Нара минатата недела имаа два состаноци со директорите на Интер, но двете страни никако не можат да најдат заедничко решение.
Поради тоа се поизвесно е дека Мауро Икарди ќе го напушти Интер на крајот на сезоната, а главни кандидати за неговиот потпис се Јувентус, Наполи и Реал Мадрид.
„Бјанконерите“ ги интензивирале контактите со Икарди во последните денови така ги алармирале челноците на Реал Мадрид да покренат конкрентни чекори.
Наполи претходно му понуди на Аргентинецот плата од 9 милиони евра по сезона, но тешко дека ќе може да се трка со двата европски гиганти.
Што се однесува до Интер, тие ќе направат се за да го продадат Икарди надвор од Серија А, но на Апенините тврдат дека приоритет за Икарди е останување во Италија.