Минатото лето младиот француски напаѓач Јан Карамо пристигна на „Џузепе Меаца“ како големо засилување, но после само една сезона ќе се врати во Франција.
„Нероаѕурите“ ова лето на неговата позиција ги донесоа Политано и Кеита, па додатно се намали просторот на Карамо и реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Силен интерес за него покажа Сент Ентјен и се тврдеше дека Карамо е блиску до потпис со тој клуб, но во последен момент во траката за потписот се вклучи Бордо.
Италијанските медиуми тврдат дека се е договорено за едногодишна позајмица и дека напаѓачот е веќе на пат за Франција да го комплетира трансферот.
Се уште не е познато дали Бордо ќе има право на откуп следната сезона, но најверојатно Интер ќе го задржи правото тој да одлучува за иднината на Карамо.
#Karamoh torna in Francia: non al Saint-Etienne ma al #Bordeauxhttps://t.co/98zNPF8Mh5
— Goal Italia (@GoalItalia) August 31, 2018