Tренерот на Наполи, Џенаро Гатузо бил вознемирен од посетата на луѓе од државниот инспекторат.
Италијанскиот тим започна со тренинзи, а инспекторите ги посетуваат тренинг центрите со цел да видат дали се работи според протоколите и прописите кои се издадени од властите во Италија.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Но, инспекторите не поминале баш најдобро на тренингот на Наполи бидејќи тренерот на овој тим, Џенаро Гатузо не ги сметал за добредојдени.
„Ние немаме што да криеме, примерни сме и педантни, сега можете да си заминете“, налутено им порачал Гатузо на инспекторите.
Наполи минатата недела започна со индивидуални тренинзи, но од утре ќе бидат во мжност да работат во групи со цел да бидат подготвени за враќањето кое веројатно ќе се случи на 13 јуни.