Тимот на Интер зад себе има два порази во низа на домашен терен, од Ливрпул и Сасуоло. Затоа голем императив за Интер ќе биде освојувањето на трите бода на Мараси против Џенова.
Интер и Џенова ќе играат утре од 21:00 часот. Пред овој натпревар тренерот на Интер Симоне Инзаги истакна дека од него пред почетокот на сезоната не се барало да го освои Скудетото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добро знам што побараа газдите од мене. Од мене беше побарано да завршам во топ 4, да се пласираме во нокаут фазата од Лигата на шампионите и да го освоиме Купот. Во овој момент сме на добар пат да ги избалансираме работите“.
„Анализиравме што можеме да поправиме од последните натпревари. Нападот не е наш проблем, проблем е реализацијата. Со Сасуоло создадовме 20 шанси, треба само да бидеме подобри во реализацијата. Се уште го имаме најдобриот напад во Серија А. Јас верувам во моите фудбалери“, изјави Инзаги.
Во редовите на Интер Инзаги дојде со големи промени откако клубот го напуштија Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, кои беа едни од најважните играчи на овој тим во минатата сезона.