Чиро Имобиле ќе мора да причека до враќањето на терен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Напаѓачот на Лацио се уште чека на враќањето на терен, после позитивниот тест на Ковид-19.
Вчера Имобиле направи два теста, а интересно дека двата дале различен резултат.
Имено, како што пишуваат медиумите во Италија, тестот во приватна лабараторија на Имобиле бил негативен, а вториот во државна лабораторија бил покажал дека е позитивен.
Ѕвездата на Лацио така ќе мора да остане во карантин и наредниот период и прашање е дали ќе игра во сабота против Кротоне.
Имобиле оваа сезона е на учинок од четири гола на шест одиграни натпревари.