Македонија утре ќе се сретне со Израел во квалификациите за пласман на ЕП во 2020 година.
Пред овој натпревар македонскиот селектор Игор Ангеловски се соочува со потенцијален проблем затоа што натпреварот би можел да го пропушти капитенот Горан Пандев.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пандев како што изјавил селекторот има проблем со слабините и неизвесно е дали ќе биде стартер за претстојниот натпревар.
„Неколку фудбалери имаат проблем со повредите. Ме загрижува поради Пандев кој има проблем со слабините незивесно е дали против Израел ќе игра од почетоко“, изјави македонскиот селектор.
Ќе потсетиме после утрешниот натпревар во понеделник не очекува нова средба и тоа против Летонија.