Легендарниот бразилски дефанзивец Даглас Маикон на 37 години пронајде нов ангажман.
Маикон последниот ангажман го имаше во Авајо и го напушти овој клуб во декември минатата година. Изгледаше дека тоа ќе биде и крај на неговата кариера, меѓутоа тоа не било така.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На 37 години поранешниот фудалер на Интер одлучи да потпише договор со бразилскиот второлигаш Круциума до крајот на 2019 година. За овој клуб Маикон играше на почетокот на својата кариера.
„Маикон дојде кај нас“, изјави претседателот на клубот, Дал Фара, додавајќи дека според него легендарниот фудбалер ќе биде спремен да одигра комолетни 90 минути.
Маикон во Европа го носеше дресот на Интер, Монако, Манчестер Сити и Рома. За репрезентацијата на Бразил одигра 76 натпревари и постигна седум погодоци.