Дома Трансфер зона Икарди се враќа во Серија А

Икарди се враќа во Серија А

Aргентинскиот напаѓач Мауро Икарди е пред враќање во Серија А и би можел да биде ново засилување за новиот калчолигаш Монца.

ПСЖ сака да се ослободи од Икарди кој е „вишок“, а сопругата на напаѓачот Ванда Нара наводно инсистира на враќање во Италија.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


 Клубот од Париз е спремен да го пушти Икарди на позајмица со откуп по завршувањето на сезоната.

Со оглед на фактот дека Аргентинецот нема понуди од други клубови е спремен да ја прифати понудата на Монца, каде би можел да ја „оживее“ својата кариера.

Галиани е во постојан контакт со Икарди и наводно го убедил 29-годишниот напаѓач да се пресели во Монца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ сака да го врати Коман

Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна и ова лето би можел да се врати во П…