Дома Трансфер зона Икарди може да заврши во Валенсија

Икарди може да заврши во Валенсија

Валенсија се приклучи на трката за потписот на Мауро Икарди и ќе се обиде да го реализира трасферот до затворањето на преодниот рок.

Икарди иако е надвор од тимот на Интер, ова лето ги одби сите понуди и реши да остане на „Џузепе Меаца“, притоа ги тужеше „нероаѕурите“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сега Интер е спремен да го пушти и на едногодишна позајмица, а таквата ситуација сака да ја искористи Валенсија.

Сепак, „Газета дело Спорт“ смета дека има малку шанси ова да се случи, бидејќи желбата на Икарди е да остане во Серија „А“ односно во Интер.

Меѓутоа, на напаѓачот му е јасно дека во Милано воопшто нема да добие шанса да игра, па можно е да се согласи да се пресели на едногодишна позајмица во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…