Дома Фудбал Италија Икарди и од ПСЖ пронајде начин да го провоцира Интер

Икарди и од ПСЖ пронајде начин да го провоцира Интер

Муаро Икарди и додека е во ПСЖ ги провоцира навивачите на Интер.

Икарди во Интер да не си заминеше како што си замина ќе имаше статус на легенда бидејќи е седми најдобар стрелец во историјата на клубот, по што е подобар од Виери, Милито, Адријано, Ибрахимовиќ и Бразилецот Роналдо и е поранешен капитен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач замина на позајмица во ПСЖ после несогласувањата со клубот околу договорот, а сега со еден „лајк“ на Инстаграм испрати мала провокација до „нероаѕурите“.

Бојан Кркиќ на Инстаграм објави спомен од натпреварот помеѓу Барса и Интер одигра пред 10 години, а тоа што на Интер во реваншот му беше поништен клучен гол иронично го коментираше „АнтиВарисимо“.

Икарди го „лајкна“ тој негов коментар иако стануваше збор за клубот во кој како што споменавме беше капитен и помина шест години. Ако нешто може да каже во своја одбрана како оправдување тоа е што тој е дете на Барселона, помина три години во младинските категории, но не доби шанса по што следуваше трансфер во Италија каде што се прослави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…