Аргентинскиот напаѓач на ПСЖ, Мауро Икарди може кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тен Хаг продолжува со напорите да донесе нов напаѓач на „Олд Трафорд“ ова лето, а „црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со агентот на Икарди.




Новиот тренер на ПСЖ, Галтие јасно му порача на Икарди дека не влегува во неговите планови и слободно може да си бара нов клуб.




Сопругата на Икарди, која е негов менаџер, започнала преговори со Манчестер Јунајтед, а наводно и Икарди е спремен да се пресели во Премиер лигата.
Аргентинецот е на маргините во ПСЖ и потребен му е нов предизвик во кариерата.