Деновиве медиумите во Израел пишуваат за една несекојдневна ситуација.
Имено, судијата Саги Барман (26 години) одлучил да го менува полот. Тој го започнал процесот на менување и си одбрал ново име.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во иднина неговото име ќе биде Сапир, како што се најавува операцијата треба да се случи во блиска иднина. Фудбалскиот сојуз му порачал на Сапир дека и покрај одлуката да го промени полот тоа нема да влијае на неговата судиска кариера и ќе продолжи нормално да си работи и да дели правда на натпреварите од првата лига.
Од Фудбалскиот сојуз порачуваат дека и од клубовите очекуваат тој да биде третиран како досега.