Оваа зима Сенегалецот Мамаду Данфа пристигна во Шкупи како големо засилувања, а летово го постигна и првиот европски гол против Линколн од Гибралтар.




Сепак, пред продолжувањето на европскиот пат на Шкупи Данфа си заминал Чаир. Од ФФМ е потврдено дека Данфа и Шкупи спогодбено ги раскинале договорите. Договорот кој Данфа го потпиша имаше важност од две години.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сега е и јасно зошто тој не беше во комбинација за настап во вчерашниот натпревар против Шамрок кој Шкупи во Ирска го загуби со 3:1 и сега со два гола негатива ќе го чека реваншот во Скопје.




Засега не е познато каде Данфа ја продолжува кариерата.




