Манчестер јунајтед во јануари планира да ангажира неколку засилувања, а медиумите пишуваат дека една од желбите на тренерот Ерик Тен Хаг е германскиот репрезентативец Тимо Вернер.
Германски „Скај“ објави дека „ѓаволите“ веќе покажале интерес за поранешниот фудбалер на Челзи, кој разочара со настапите во Лондон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вернер сака да се врати во Премиерлигата оваа зима, па „Олд Трафорд“ изгледа како примамлива дестинација за него.
Германецот не добива многу простор ниту во Лајпциг, каде што беше незаменлив пред да се пресели во Челси.