Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул може да го донесе дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи.
Ливерпул е во незавидна позиција затоа што ниту еден од стандардните централни дефанзивци нема да бидат на располагање подолг период. На рехабилитација веќе подолго време се Ван Дајк и Гомез, а против Тотенхем повредата ја обнови Матип.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така пред дуелот со тимот на Мурињо на повреда се пожали Бразилецот Фабињо кој поради ситуацијата играше во одбраната.
Клоп јавно призна дека бара евтин дефанзивец, а тоа може да биде Шкодран Мустафи, кој е пред раскинување на договорот со Арсенал.
Мустафи не влегува во плановите на Артета и Арсенал му нуди раскинување на договорот, па Ливерпул може да го донесе без обештетување.
„Црвените“ му нудат договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една сезона.