Дома Фудбал Англија Изненадување: Избори опстанок во Премиер лигата, па доби отказ

Изненадување: Избори опстанок во Премиер лигата, па доби отказ

Бормут сезонава успеа да избори опстанок во Премиер лигата, а сега клубот изненадувачки се раздели со тренерот Гери O’Нил.

Сезоната во Бормут ја започна Скот Паркер, но по лошите резултати и поразот од 9:0 од Ливерпул клубот го отпушти и на негово место го доведе О’Нил. Тој успеа да го стабилизира тимот и на крај да остане во друштвото на најдобрите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, тоа не беше доволно и наредната сезона да биде тренер на овој тим.

„Потврдуваме дека донесовме одлука за разделба со тренерот Гери О’Нил. Тој си заминува откако ја водеше екипата на 37 натпревари минатата сезона, прво како привремен тренер, а потоа како перманентно решение од ноември 2022. Одлуката беше тешка, но веруваме дека е за доброто на клубот. Наскоро ќе објавиме кој ќе биде нашиот нов тренер“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и з…