Аргентинскиот стратег конечно би можел да се проба во Премиер лигата.
Диего Симеоне во текот на летото често пати беше поврзуван со заминување од Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа многумина му ја предвидуваа клупата на Интер, но сепак попупарлниот „Чоло“ остана верен на „јорганџиите“ во тешките моменти. Атлетико беше под забрана за трансфери, но Симеоне докажа лојалност и остана шеф на стручниот штаб на клубот од Мадрид.
Оваа сезона Атлетико не блеска во Примера, тие се непоразени после 11 кола, но се четврти на табелата, додека во Лигата на шампионите се на чекор од испаѓање уште во групната фаза.
Се споменуваше дека управата на Атлетико на негово место би можела да го доведе тренерот на Наполи, Маурицио Сари, но тоа во овој момент е само во рамките на шпекулации.
Тој го продолжи договорот до 2020 година, но Атлетико би можел да доживеаа големи промени веќе наредното лето, па така Симеоне би можел да побара нов предизвик и тоа во Премиер лигата.
Последните шпекулации говорат дека за неговите услуги е заинтересиран тимот на Евертон, кој неодамна му даде отказ на Роналд Куман.
Амбициозната управа на чело со сопственикот Фарад Мошири сака да се бори за највисок пласман во Премиер лигата и наводно негов прв пик местото главен тренер на „Гудисон“ е Диего Симеоне.
Сепак, „карамелите“ во овие моменти се наоѓаат во зоната на испаѓање, Дејвид Ансворт кој ја извршува должноста веројатно нема да се задржи долго на клупата на Евертон, но и неверојно е да се поверува дека Симеоне може да го напушти Атлетико во текот на сезоната и да превземе клуб кој се бори за опстанок.
Наредното лето оваа приказна би можела да стане многу посериозна, па лесно би можело да се случи Евертон да се откаже од оваа сезона и за местото прв тренер да постави привремено решение за во текот на летото да пристигне Диего Симеоне.
Owner Farhad Moshiri wants Diego Simeone to be Everton manager. Other more realistic targets: Allardyce & Marco Silva or give it to Unsworth
— Kaveh Solhekol (@SkyKaveh) November 7, 2017