Босанскиот репрезентативец и член на Арсенал, Сеад Колошинац би можел ова лето да направи неочекуван трансфер на „Камп Ноу“.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е сериозно заинтересирана за ангажман на левиот бек, во кого гледа идеална алтернатива за Жорди Алба. Тимот од „Камп Ноу“ сака да донесе уште еден лев бек ова лето, а изборот паднал токму на Колошинац.
Barcelona have shortlisted Sead Kolašinac in their transfer targets this summer and are willing to spend £20m on the Arsenal left-back. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/OXNAVcDX6r
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 6, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колошинац пред две години пристигна како слободен агент на „Емирати“, а Арсенал наводно е спремен да го пушти Босанецот за сума помеѓу 20 и 25 милиони евра.
Барселона покрај Колошинац на списикот има и други кандидати за таа позиција, но Босанецот е најефтината опција во моментов.