Поранешниот играч на Челзи и германски репрезентативец, Михаел Балак е еден од кандидатите за нов спортски директор на клубот од „Стенфорд Бриџ“, пренесуваат англиските медиуми.
„Сините“ се во потрага на човек за таа функција откако Михаел Еманело во ноември го напушти клубот и се пресели во Монако.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Другите двајца кандидати за директорското место се Жулиан Белети и спортскиот директор на Лил, Луис Кампос.
Меѓутоа, медиумите на Островот тврдат дека Балак е фаворит за директорското место. Германецот ги бранеше боите на Челзи цели 5 години како фудбалер.
According to the Standard:
Michael Ballack is in line to return as Chelsea – Director of Football!
I certainly would not mind that, the Chelsea community need some positivity this summer! pic.twitter.com/nikHRagglN
— WorldWideChels (@WorldWideChels) May 23, 2018