Дома Фудбал Англија Изненадување: Ал Ахли и Алиоски ја раскинаа соработката!

Изненадување: Ал Ахли и Алиоски ја раскинаа соработката!

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски кој летово се врати во Ал Ахли од Фенербахче по три натпревари во саудискиот клуб повеќе не е дел од него.

Алиоски и Ал Ахли ја прекинале соработката и македонскиот репрезентативец сега ќе бара нов клуб. Заминувањето на Алиоски е сосема неочекувано затоа што во првите три натпревари Алиоски беше стандарден и играше 90 минути, запиша и една асистенција.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Но, причината е доаѓањето на младиот Габри Виега и ограничениот број на странци во тимот. Саудиската лигa дозволува осум странски фудбалери, а со доаѓањето на Виега, Алиоски е означен како вишок.

Ал Ахли е еден од саудските клубови кој доведе познати имиња летово од Европа во овој клуб настапуваат: Фирмино, Ријад Марез, Франк Кеси, Роџер Ибањез, Едуард Менди…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Зицер за голови: Барселона вечерва ќе се соочи со тренер против кој постигнала 85 голови!

Фудбалерите на Барселона вечерва се среќаваат со Олимпијакос, што значи и средба со Хосе Л…