Иако се најавуваше дека преговорите одат во добра насока, сепак, Рафл Рагник нема да биде нов тренер на Баерн Минхен.
Томас Тухел заминува од Баерн по завршувањето на сезоната, пресудни беа неговите лоши резултати, но тимот подоцна успеа да дојде до полуфиналето во ЛШ каде што во првиот натпревар одигра 2:2 против Реал Мадрид. Сепак дури и да ја освои Лигата на шампионите тој ќе замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Спорт“ во текот на вчерашниот ден објави дека Рагник и Баерн влегле во завршни преговори, но денеска новинарот Кристијан Фалк кој е најпознатиот инсајдер за случувањата во Баерн откри дека Рагник се заблагодарил на понудата.
Очигледно двете страни не успеале да пронајдат заеднички јазик и Баерн ќе треба да бара ново решение.
Ќе потсетиме, Рагник во овој момент е селектор на Австрија и со оваа репрезентација има договор до 2026 година.