Денес УЕФА го одреди судијата за реванш натпреварот помеѓу Барселона и Наполи во Лигата на шампионите.
Познатиот турски судија Џунејт Чакир ќе ја дели правдата на „Камп Ноу“ каде што ќе се сретнат двете екипи по првиот натпревар кој заврши без победник 1:1 во Неапол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изборот на главен судија сигурно Барселона ги потсети на кошмарот против Ливерпул кога испуштија предност од 3:0 од првиот натпревар и во реваншот загубија со 4:0. Чакир ја делеше правдата во натпреварот кој Ливерпул ја победи Барса со 4:0.
За утеха на Барселона може да и биде тоа што во 2015 година Чакир ја делеше правдата во финалето во ЛШ во кое Барса го победи Јувентус.