Навивачите се надеваат на вакво сценарио.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Манчестер Јунајтед е целосно поинаков тим од кога на клупата пристигна Оле Гунар Солскјер.
Легендарниот Норвежанец победи на првите осум натпревари, единствено испушти бодови против Барнли (2:2).
Навивачите на „црвените ѓаволи“ се воодушевени и сакаат Солскјер да остане подолго време, а може да се случи управата на Јунајтед да ја реши неговата иднина уште пред завршувањето на сезоната.
Тоа би се случило под еден услов – ако Манчестер Јунајтед го елиминира ПСЖ во Лигата на шампионите што секако нема да им биде лесна задача и покрај повредата на Нејмар.
Управата на клубот наводно смета дека така би им покажале на навивачите дека тимот може да конкурира за сите трофеи наредната сезона бидејќи оваа во Премиер лигата скоро и да е изгубена поради лошиот старт на Мурињо и целта е да се биде помеѓу првите четири.