Дали Зинедин Зидан ќе остане тренер на Реал Мадрид и после оваа сезона ќе зависи и од тоа кој ќе победи на претседателските избори.
Пред пет дена актуелниот претседател на клубот Флорентино Перез побара од изборниот одбор да се распишат избори за нов претседател. Конкурент на Перез веројатно ќе му биде младиот бизнисмен Енрико Рикелме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Рикелме за „Кадена Коп“ искажа некои свои планови кои ќе се обиде да ги спроведе доколку биде избран за прв човек на Реал Мадрид и во тие негови планови го нема Зидан.
„Зидан нема да биде наш тренер. Бараме друг профил. Име кое ми се допаѓа? Многу го сакам Јирген Клоп“, изјави Рикелме што значи дека ако тој победи Зидан веројатно ќе го напушти клубот една година пред истекот на договорот.
Ќе потсетиме, Перез по втор пат дојде на чело на Реал во 2013 година кога си замина Рамон Калдерон, а на изборите во 2017 година немаше противкандидат. Во првиот мандат го водеше Реал од 2000 до 2006 година.