Дома Трансфер зона Игуаин проговори за трансферот во Челзи!

Игуаин проговори за трансферот во Челзи!

Сите поголеми спортски медиуми од утрово објавуваат дека Гонзало Игуаин веќе може да се смета за фудбалер на Челзи.

Официјална потврда за тоа се уште нема, но јасно е дека трансферот е блиску до реализацијата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Милан вчера го играше натпреварот од Суперкупот против Јувентус, а Игуаин против неговиот поранешен клуб доби шанса влегувајќи од клупата за резерви.

После овој натпревар Игуаин доби прашање за неговиот потенцијален трансфер.

„Дали сте среќен што повторно ќе соработувате со Сари во Челзи?“, го запраша еден новинар Игуаин.

„Ако сакате да направите хаос јас не сум вистинскиот човек за тоа“, одговори напаѓачот.

https://www.youtube.com/watch?v=PT0jkfInEzc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…