Фудбалерите на Интер Мајами славеа на гости против Синсинати со 3:2, а херој на овој клуб беше Гонзало Игуаин.
Игуаин на крајот на минатата сезона одлучи да го напушти Јувентус и кариерата ја продолжи во САД.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач не можеше да го одбие повикот од Дејвид Бекам и да дојде во Мајами.
За викендот Интер играше против Синсинати и гледавме еден одличен натпревар. Гостите одлично го отворија натпреварот и поведоа во седмата минута кога погоди Шеа. Половина час подоцна Игуаин постигна убав гол за 2:0.
Во второто полувреме Синсинати се врати во натпреварот и го изедначи резултатот. Сепак, последниот збор на натпреварот го имаше Игуаин. Во 85. минута после одлична акција и асистенција на Морган аргентинскиот напаѓач го постигна вториот гол за 3:2 и така донесе три бода за својата екипа.
Let's kickoff the week with some Match Highlights from yesterday's win in Cincinnati.#InterMiamiCF pic.twitter.com/3z8HyZBZUU
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) May 17, 2021