Јувентус се пласираше во финалето од Лигата на шампионите отктако клубот од Торино во двомечот од полуфиналето беше подобар од Монако.
„Старата дама“ потешкиот дел од работата го заврши во првиот натпревар во Кнежеството кога славеше со 2:0, во реваншот Јувентус повторно славеше со 2:1, но Монако не се откажуваше до последната секунда. На теренот летаа многу “искри“, а најмногу помеѓу Гонзало Игуаин и Камил Глик.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Глик во неколку наврати намерно го удри Аргентинецот, но се провлече без жолт картон. Игуаин влегуваше во вербални расправии со полскиот фудбалер, но не сакаше да врати со иста мера бидејќи беше очигледно дека дефанзивецот на Монако има намера да го испровоцира Игуаин да добие картон. Откако тензиите се смирија, во јавноста проговори напаѓачот на Јувентус.
„Немам зборови за прекршоците од тој играч. Немаше никаква потреба да прави такво нешто бидејќи можеше да ме повреди. Но, покажа дека нема достоинство и навистина ми е жал за таквите луѓе. Можеби сакаше да му вратам па да добијам црвен картон, но не му успеа. Нека се срами од тоа што го направи“, изјави Игуаин.