Летото 2004 година Манчестер Јунајтед во своите редови го донесе најталентираниот кинески фудбалер Дон Фангжу кому му се предвидуваше блескава кариера.
Сер Алекс Фергусон реши тогаш да го донесе 19-годишниот фудбалер, од кој многу се очекуваше. Сепак, Донг не успеа да се прилагоди во Манчестер, па одигра само два натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако потпиша за Јунајтед прво не можеше да добие дозвола и клубот мораше да го испрати на позајмица во белгиски Антверпен, каде што за две сезони одигра 71 натпревар и постигна 34 голови.
Откако не успеа да се избори за место во тимот, се врати во татковината, потоа играше во Полска, Португалија и Србија, но кариерата ја заврши во 2014 година без особен успех.
По нејзиното завршувањето стана предмет на исмејување во Кина, па поради срам реши да го смени својот личен изглед и да направи пластична операција.