Два клуба од Островот покажале интерес за поранешниот фудбалер на Арсенал.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, стоперот на Валенсија Габриел Паулиста повторно го привлекува вниманието на англиските клубови.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Паулиста стигна во Арсенал од Виљареал во 2015 за 15-тина милиони евра и по две ипол години и 64 настапи се врати во Шпанија и ја засили Валенсија.
За брзо време стана јасно дека Шпанија му одговара многу повеќе, а сега одново би можел да заигра во ПЛ.
„Марка“ пренесува дека два клуба од Премиер лигата се заинтересирани за неговите услуги, сепак се потенцира дека мала е шансата тој да ја напушти Валенсија.
Среќен е на „Местаља“ и е блиску до добивање шпански пасош со кој ќе стане повеќе вреден на пазарот затоа што каде и да отиде нема да го завзема местото за играч надвор од ЕУ.