Дома Фудбал Италија Играше во римското дерби, а неговиот татко почина пред еден ден

Играше во римското дерби, а неговиот татко почина пред еден ден

Љубителите на фудбалот синоќа можеа да уживаат во фантастично градско дерби помеѓу Лацио и Рома.

Римските гиганти одиграа одлично дерби на „Олимпико“ кое заврши со победа на Лацио од 3:2.

После мечот во центарот на вниманието беше младиот Никола Залевски, кој влезе во игра при крајот на мечот.

Залевски имаше неколку одлични пробови и создаде шанси за Рома, но после завршувањето на мечот овој 19-годишен Полјак почна да плаче, а соиграчите го тешеа.

Имено, неговиот татко почина во петокот откако ја загуби тешката битка со ракот.

Младиот Залевски инсистирал да биде дел од тимот во римското дерби, а Мурињо му даде шанса да заигра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мората пред сензационално враќање во Шпанија, ќе заигра ли во втора лига?

Алваро Мората се подготвува да направи еден од најизненадувачките потези во својата кариер…