Летниот трансфер период само што заврши, но тоа не ги спречува клупските оператори да бараат и да преговараат со други играчи.
Може да очекуваме уште во текот на јануари интересни работи, а еден од поинтересните би можело да заврши Евертон. Клубот од „Гудисон Парк“ во последните трансфер периоди издвојува огромни суми, ова лето го доведоја Моис Кеан од Јувентус. Младиот Италијанец чинеше 40 милиони евра, но за сега не игра на очекуваното ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, „карамелите“ планираат уште една работа во иста вредност. Станува збор за 17-годишниот Раниер Жезус од Фламенго. Младиот Бразилец веќе беше поврзуван со европските гиганти, наводно и Марко Силва инсистирал за него и ова лето, но стратегот на Евертон морал да се стрпи